Експертите за интелигенција велат дека се доволни пет прашања за да се открие нивото на интелигенција кај одредена личност. Вашата задача е да одговорите на следните прашања брзо и без размислување. Одговорите се на крајот.
1. Учествувате во трка. Ја престигнавте личноста на второто место. На кое место сте?
2. За да одговорите на второто прашање, не размислувајте толку долго како за првото.
Доколку во трката ја престигнете последната личност, тогаш сте?
3. Ова решете го без дигитрон или пенкало.
Земете 1.000 и додадете 40. Сега додадете уште 1.000. Сега додадете 30. Додадете пак 1.000. Сега додадете 20. А сега додадете уште 1.000. Сега додадете 10. Која е вкупната сума?
4. Таткото на Марија има пет ќерки и се викаат: Нана, Нене, Нини, Ноно. Како се вика петтата ќерка?
5. Нема личност сака да купи четка за заби и тоа го прави со имитирање на активноста. Доколку слеп човек сака да купи темни очила за сонце, како ќе му објасни на продавачот?
Одговори:
1. Второ место.
2. Не можете да ја престигнете последната личност.
3. 4.100
4. Марија
5. Со зборување, секако.