X
 02.06.2015 Наука

Стивен Хокинг: "Академската заедница нема пари за студентите како мене "

хокинг

 

Светски познатиот физичар и автор Стивен Хокинг зборува за тоа дека надарените академци со состојба сериозна како неговата, нема да бидат во можност да се развиваат во денешните тешки економски времиња.


73 годишниот научник кој дополнително се прослави со филмот „The theory of everything“ ја изрази својата загриженост за време на еден настан на кој прослави 50 години работење на Гонвил и Каиус колеџот при Универзитетот во Кембриџ.

Тој го пофали неговиот колеџ поради поддршката што му ја даде во текот на напредувањето на неговата болест, со што му овозможи да се фокусира на неговата работа.

„Се прашувам дали младите амбициозни академци со мој вид на болест денес ќе можат да ја најдат истата дарежливост и поддршка од високото образование. Дури и со најдобрата волја, се плашам дека пари нема“, вели тој.

Иако Хокинг не ги елаборира неговите коментари, тој претходно изрази загриженост за намалување на владиното финансирање за буџетите за истражување.

Пред 7 години, тој предупреди дека намалувањето на грантовите и` се заканува меѓународниот углед на Британија во научната заедница. „Овие грантови се извор на енергија на нашите заложби за истражување. Нивното намалување ќе му наштети на младите истражувачи и ќе предизвика шетат во британската наука и врз нашата меѓународна репутација“.

Неговите коментари доаѓаат во време кога универзитетите продолжуваат да лобираат за доволно ресурси.

Алан Фершт, деканот на колеџот на кој предава Хокинг, изјави дека е самоуверен дека Каиус колеџот ќе ги поддржи луѓето со болест како Хокинг доколку сакаат да студираат.

„Стивен се прашуваше дали младите академци со состојба слична како неговата ќе имаат исто ниво на поддршка како што тој имал порано. Можам да тврдам, барем за нашиот колеџ дека ќе ја добијат истата поддршка. Во 1965 година никој не сонуваше дека ќе бидеме тука, после 50 години и дека ќе го славиме овој ден. Велам никој, но се сомневам дека сите ние имавме различно мислење, само една личност размислуваше поинаку“, заврши Алан Фершт
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука