Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ се жалат дека веќе 1
месец немаат лифт, а зградата има 14 спрата. Со ова се докажува дека
продолжува нефункционалноста во зградата како и раководството кое
управува со зградата и ужасните услови со кои се соочуваат студентите
кои живеат во овој дом.
Студентите велат дека постојано одат и се жалат, меѓутоа не добиваат никаков одговор. Покрај тоа, студентите се жалат дека во зградата Г нема топла вода, во мензата нема ништо за јадење, продавницата со бонови е целосно празна.
„Важно имаат таблети сите студенти, но не е важно тоа што се качуваме и слегуваме 14 спрата и немаме вода да се искапиме“, велат студентите.
Државниот студентски дом – Скопје реагира на прилогот објавен во врска со функционалноста на лифтовите во студентскиот дом “Гоце Делчев“ и во врска со недостигот на храна во студентската менза и продавница.Демантот ви го пренесуваме во целост на
ОВОЈ ЛИНК
Штотуку на нашата фан страна пристигна порака од студентите во СД „Гоце Делчев“.Ова е најновата низа на нефункционално...
Posted by Пленум ПМФ on Wednesday, 3 June 2015