Институтите во Македонија со години се жалат дека не добиваат доволно пари за својата дејност и за научни истражувања, дека науката е речиси колатерална штета на ресорот Министерство за образование и наука, каде најголем дел од парите се слеваат во секторот образование. Вчера на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", на молебенот одржан по повод 24 Мај, и професорите се огласија со сличен апел -
да се формира Министерство за наука, бидејќи за оваа намена се одвојува само 1 отсто од вкупниот буџет на МОН.
Сите знаеме дека е тенка границата меѓу двете гранки, особено во високото образование, каде секој професор и самиот е научник. Да се обидеме заедно преку анкета да го опипаме пулсот за овој проблем за колку малку се говори, а јавни дебати скоро и да немало. За една недела ќе ги објавиме резултатите од анкетата.