Ново истражување покажува дека сè не е во интелигенцијата. Кога се работи за успехот на училиште, интелигенцијата не е доволна. Имено, карактерот на детето игра поголема улога отколку интелигенцијата кога станува збор за успехот.
Артур Поропат е професор по психологија на универзитетот „Грифит“ во Австралија. Тој работел на најголемото истражување досега за врската помеѓу академскиот успех и карактерот на личноста. Резултатите од истражувањето откриваат дека карактеристиките на личноста на детето е подобар показател за академскиот успех отколку резултатите на тестот на интелигенција.
Имено, учениците кои се совесни, отворени и емотивно стабилни имаат најголеми шанси за успех на училиште.
Овие три фактори, совесност, отвореност и емотивна стабилност се карактеристиките кои Порпорат ги препознава како најважни за успехот на детето. Во рамките на истражувањето, учениците кои ги имале овие особини постигнале подобри резултати на тестовите.
Дали тоа значи дека тестовите за интелигенција не се толку битни показатели за успех?
Порпорат вели дека „тестовите за интелигенција секогаш тесно се поврзуваат со образованието и оцените, па со самото тоа и може да се користат како показател за академскиот успех. Тоа не е никаква новост. Меѓутоа, влијанието на карактерот на учењето и успехот е вистинско изненадување за истражувачите во оваа област.“
Начинот на кој ова истражување би било применето во практиката останува да биде одреден.