Поетот Тибулус, го опишал Рим како „Вечниот град“ и тоа име уште му прилега на градот. Ретко кој успеал да направи толку богат визуелен приказ на градот како Родолфо Ланчијани, со вкупно 4000 предмети. Неговата колекција сега е достапна онлајн, благодарение на „Стендфорд библиотеки“.
фото извор: Istituto Nazionale di Archeologia e Storia dell’Arte
Ланчијани се смета за пионер на систематското, модерно изучување на градот Рим. Живеел од 1845 до 1929 година, а собрал богата архива од ракописи и забелешки, како и ретки печатени материјали и оригинални цртежи од артисти и архитекти, кои датираат дури и до 16 век. По неговата смрт, ги купиле од Националниот институт за археологија и уметност, па сета негова библиотека станала достапна за истражувачите.
Изложени се 4000 цртежи, печатени материјали, фотографии од
Рим за периодот од 16 до 20 век. Не само што се достапни за анализирање во висока резолуција преку веб пребарувачите, туку можат и да се симнат и да се видат локациите кои се прикажуваат и се посочени на мапата на Рим.
За да ја разгледате дигиталната колекција кликнете на овој
линк.