X
 14.08.2023 Живот

Метеорскиот дожд „Персеиди“ ги воодушеви љубителите на небото низ цел свет

Годишниот метеорски дожд „Персеиди“ го осветли небото низ светот на задоволство на сите љубители на небото.

Феноменот носи до 100 метеори на час, додека Земјата удира во остатоците од кометата 109P/Swift-Tuttle.

Како што остатоците ја погодуваат Земјината атмосфера, тие согоруваат, што резултира со светли блесоци познати како ѕвезди што паѓаат, а можат да се видат со голо око.

Овој феномен се случува во јули и август секоја година, а оваа година го достигна својот врв во саботата навечер.

Метеорите ја погодија земјината атмосфера со брзина од 215.000 километри на час, но остатоците не претставуваат никаква опасност на Земјата.

Овој метеорски дожд се смета за еден од најдобрите астрономски настани бидејќи произведува светли метеори и е еден од најактивните.




Извор: ВВС
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот