Постери од Скопје постер фестивалот се дел од поставката #EGallery која по трет пат се одржува во Белград. Организатор на манифестацијата, чие отворање се случи на 04 јуни 2015 во просториите на Executive Group Agency во главниот град на соседна Србија е Ш.У.Н.Д. фестивалот.
Овој традиционален настан има за цел да поттикне размена на искуства и соработка во доменот на дизајнот, фотографијата, сликарството, вајарство, мултимедиите. Главниот фокус на ова издание на ова издание е графичкиот дизајн. Селекција од 50 постери на Плакарт од првите 5 конкурси на Скопјепостер земаа учество во ова несекојдневен случување. Истите заедно со дела од 20 автори беа изложени како предмет на симболична аукција. Дополнително програмата е збогатена со иновативни интерактивни инсталации, слики и графики.
Белградската поставка на Плакарт-Здружението на графички дизајнери во рамки на #EGallery ќе биде отворена за посети во наредните шест месеци.
Повеќе за изложбата на следниот линк
http://on.fb.me/1FspIzo