X
 14.01.2020 Уметност

Неверојатни фотографии од „Харбин“, фестивал за снег и мраз во Кина

Ако мислите дека знаете како изгледа земјата на чудата во зима, повторно размислете. Дури и ако вашата имагинација е голема, овие слики од „Харбин“, меѓународниот фестивал за скулптури на мраз и снег, ќе ви покажат сосема поинаква, но не помалку фасцинантна перспектива за тоа каква може да биде земјата на чудата во зима.

Фестивалот е годишен настан што се одржува во Харбин, Хајлонгџанг, Кина и во моментов е најголемиот фестивал за снег и мраз во светот. Почнал да се одржува во 1999 година кога првиот свет на мраз и снег бил отворен за јавноста во декември. На почеток учесниците главно биле Кинези, но фестивалот растел и растел, до моментот кога било одлучено да се претвори во меѓународен фестивал и натпревар. Погледнете ги чудата што ги создале скулпторите на мраз.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност