X
 07.06.2015 Технологија

Запознајте го Тони Старк од реалноста

За неколку години, сите вие ќе бидете како Железниот човек. Не затоа што ќе добиете костум за летање и нова брада, туку затоа што начинот на кој ги користите компјутерите ќе се промени.


На тоа се надева Џон Ундеркофлер. Тој е основач и директор на „Oblong industries“, а тој е и човекот кој соработува со „Марвел“ за ликот на Тони Старк, односно Железниот човек. Ундеркофлер дизајнирал голем број од изумите кои се порепознатливи за Тони Старк, од персонализирана тастатура до домашен нуклеарен реактор, па и гестовите со кои Старк управува со својот костум.

Тој верува дека начинот со кој комуницираме со машините и меѓусебно ќе предизвикаат промена во технологијата во текот на следните години. Самите канцеларии на компанијата изгледаат како излезени од научно-фантастичен филм.

Говорот кој Андеркофлер го одржа на ТЕД-конференција во 2010 година, каде ја опишува технологијата во канцелариите, има повеќе од 1,4 милиони прегледи. Тој сака секој да ја има истата технологија. Неговата цел е сите луѓе да добијат директна контрола врз делови од дигиталниот свет.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија