X
 08.06.2015 Култура

Препораката до Принстон за "прекрасниот ум", Џон Неш

„Тој е математички гениј“ - така завршува писмото за препорака напишано за скоро починатиот Џон Форбс Неш Џуниор, познат меѓу нас како инспирацијата за филмот „Прекрасен ум“ (ориг. Beautiful mind).


Џон Неш конкурирал за последипломски студии на универзитетот „Принстон“ во 1948 година. Познатиот математичар е глобално познат по неговата истражувачка работа во теоријата на игра, но и неговиот живот со шизофренијата. Неш ја освои Нобеловата награда во економски науки во 1994 година.

Писмото, кое било напишано на 11 февруари во 1948 година, било составено од страна на познатиот математичар Ричард Џ. Дафин, кој бил едноставен и краток.


„Драг професоре Лефшец:

Ви пишувам за да го препорачам г-инот Џон Ф. Неш Џуниор, кој се пријави за запишување на колеџот за последипломски студии на 'Принстон'.

Г-ин Неш има деветнаесет години и дипломира од 'Карнеги Тек' во јуни. Тој е математички гениј.

Искрено ваш,

Ричард Џ. Дафин.“


„Принстон“ го објави писмото изминатата недела.

Џон и неговата сопруга, Алиша, загинаа во сообраќајна несреќа во Њу Џерси изминатиот месец.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура