Откако поминуваат години учејќи и истражувајќи, многу научници се воодушевени што ќе добијат награда. Но, Григори Перелман претпочитал да ја избегне славата што доаѓа со значителни откритија.
Помеѓу 90-тите и првите години на 21 век Перелман докажал хипотези кои ги мачеле математичарите во последните децении. А сепак, кога му бил понуден Филдс медал, кој се смета за еквивалент на Нобеловата награда за математика, тој ја одбил наградата.
Григори Перелман е роден во Ленинград, Советски Сојуз (сега Санкт Петербург, Русија). Неговата мајка, која се откажала од дипломирањето по математика за да го одгледа, го забележала неговиот талент за бројки кога имал 10 години. Математичарот докторирал на Државниот универзитет во Ленинград, а неговата работа му донела истражувачки позиции на неколку универзитети во САД.
Хипотези што ги проучувал Перелман долго време беа отворени проблеми во математиката. Ова значи дека иако решенијата биле претпоставени, никој не можел да обезбеди логички докази за тие решенија. Ова е нивото на оправдување што го бараат математичарите пред да прифатат дека одредено математичко знаење може да се нарече факт.
Во 1994 година Перелман докажал дека во Римановата геометрија, многуобразностите се навидум прави линии кои сочинуваат една, две или три тродимензионални геометриски форми на најситно, најдетално ниво. Перелман докажал дека помалите структури кои ја имитираат вистинската форма - на пример, криви - може да се најдат во целокупниот објект. Уште поимпресивно, тоа го направил во кратка научна статија.
Околу една деценија подоцна Перелман развил нови техники во анализата на потокот на Ричи, концепт што се користи во диференцијалната геометрија и геометриската анализа во однос на дифузијата на топлина и равенката на топлина. Во 2004 година, математичарот ја докажал хипотезата на Поенкаре. Хипотезата на Поенкаре била формулирана во 1904 година од францускиот математичар Поенкаре и останала една од најголемите математички мистерии речиси еден век. За доаѓањето до решение му требале речиси седум години работа во изолација.
Овие откритија ја воодушевија научната заедница, а на Перелман му бил понуден Филдс медал за неговиот придонес во геометријата и неговите револуционерни увиди во аналитичката и геометриската структура на потокот на Ричи. Сепак, Перелман ја одбил наградата.
- Не ме интересираат пари или слава. Не сакам да бидам изложен како животно во зоолошка градина - рекол тој. Исто така, ја одбил и наградата „Клеј“ од 1 милион долари за разрешувањето на хипотезата на Поенкаре. Тој објаснил дека неговата работа не е поголема од онаа на Ричард С. Хамилтон, математичарот кој го вовел концептот на потокот на Ричи.
По овие достигнувања, Перелман се оддалечил од академијата, разочаран од етичките стандарди во областа. Во 2005 година ја напуштил својата истражувачка работа во Институтот за математика Стеклов, објавувајќи дека се дистанцира од неа една година подоцна. Сега тој живее повлечен живот во Санкт Петербург, каде што се грижи за својата болна мајка.
Многумина денес се прашуваат дали продолжил да работи на математиката со свое темпо или дали засекогаш се откажал од својата животна страст. Во секој случај, неговите наоди претставуваат моменти кои продолжуваат да ги осветлуваат современите математичари.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Wikipedia