КАКО ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ ЈА ТРЕТИРААТ НАУКАТА?
Според некои истражувања, во земјите-членки на Европската Унија, на 10.000 жители има во просек 24 истражувачи. Во Србија има 11, во Хрватска - 16 истражувачи, а во Македонија на 10.000 жители има само седум истражувачи
Големите економски сили, како и оние земји кои претендираат да станат јаки на светско ниво, знаат дека научноистражувачката работа е еден од најважните ресурси на денешницата. Колку пари издвoјуваат земјите во регионот за наука? Европскиот просек е два отсто од бруто домашниот производ (БДП) и сите држави се стремат да го достигнат овој просек. Сепак, според тоа каква е ситуацијата во моментов, земјите во регионот се многу далеку под два отсто од БДП.
Македонија, иако секоја година го зголемува буџетот за наука сепак засега е далеку од европскиот просек. Ние издвијуваме 0,18 отсто од БДП за наука. Хрватските власти го намалуваат буџетот за наука. Годинава од хрватскиот буџет ќе се трошат 96 милиони евра, односно 30 отсто помалку во споредба од пред четири години. Хрватска издвојува 0,21 отсто од БДП за наука, Србија - 0,3 отсто (2,8 милиони евра), a Босна и Херцеговина издвојува само 0.07 отсто.
Словенија пак, издвојува шест пати повеќе пари во наука одошто Србија. За последните 10 години, Словенија во наука досега инвестирала вкупно пет милијарди евра, Хрватска - три милијарди евра, а Србија 750 милиони евра. Во сите држави во регионот научниците се на ист став, дека не е доволен само нивниот ентузијазам, туку потребно е постојано да се зголемуваат влоговите во науката, како и во научно-истражувачките проекти.
Според некои истражувања, во земјите-членки на Европската Унија, на 10.000 жители има во просек 24 истражувачи. Во Србија има 11, во Хрватска - 16 истражувачи, а во Македонија на 10.000 жители има само седум истражувачи.
Само колку за споредба., Австрија вложува 102 пати повеќе од Србија во наука. Во развиените земји пак, издвојувањата за наука се движат од 1,3 отсто во Кина, до дури 3,3 отсто од БДП во Јапонија.