Доколку може да се има нормално детство во Северна Кореја, тогаш Џозеф Ким го имал. Тој живеел со неговиот татко, мајка и постара сестра во Хоерјонг, град кој има придобивки затоа што таму се родила првата сопруга на Ким Ил-Сунг.
Во овој град, младите семејства живеат нормален живот; имаат самопослуги, берберници, продавници за сладолед. На крајот од секој ден, децата од соседството се собираат околу телевизирот и јадат пуканки и бонбони.
Она што не го знаеше семејството на Ким е дека Хоеројнг беше и остана, концентрационен логор со максимална безбедност, еден од шесте со кои земјата располага.
Како што пишува во неговите нови мемоари наречени „Under the Same Sky: From Starvation in North Korea to Salvation in America“, Ким и неговото семејство веруваа дека се едно големо семејство од Северна Кореја.
„Сите бевме исти“, пишува тој, „едно големо севернокорејско семејство, или барем така ми се чинеше мене“.
Големиот глад
Кога Ким имал скоро 4 години, неговиот татко, познат член на Партијата на работниците во Кореја, беше толку успешен што во 1994 година имаше можност да изгради куќа за неговото младо семејство.
Ким беше запишан во градинка, со децата кои имаа две години. Таму тој учел за големиот лидер Ким Ил-сунг, и важноста на постојаното и секојдневно негово обожување. Секој Северно-кореец мора да има фотографија од Ким Ил-сунг и неговата сопруга.
„Можеш да бидеш испратен во затворски камп ако дозволиш да се насобере нечистотија на портретот на Ким Ил-сунг, или ако го ставиш во испукано стакло“, пишува Ким. Првото нешто што неговиот татко го правел било секое утро внимателно да ги исчисти рамките.
Децата исто така учеа за Америка, воглавно преку илустрации. Наставниците им покажуваа на децата цртежи од американски војници како убиваат бремени жени и како ги носат во гасните комори.
„Го држев мојот здив додека наставниците објаснуваа дека Аериканците дојдоа во нашата земја да ги масакрираат Корејците без никаква причина. Единствените луѓе кои ги запреле Американците биле Ким Ил-сунг и војниците на Северна Кореја“.
На 8 јули истата година, почина Ким Ил-сунг, а не долго после тоа, непознато за граѓаните на Северна Кореја, Русија престана да ја субвенционира нацијата со храна и ѓубриво. Во 1995 година, библиски дождови и поплави го избришаа она што било посадено.
Населението западна во голем глад. За неколку недели, таткото на Ким не можеше да го нахрани неговото семејство, а мајка му корнеше секое растение што можеше да го најде, без разлика дали можеше да се јади и со сила им даваше на Ким и неговата сестра.
„Нашето тело знаеше дека јаде нешто што не е храна. Стомакот ни беше привремено полн, но можеше да се забележи дека немавме никакви хранливи материи во телото“.
Неговите родители започнале брутално да се караат за тоа како да се дојде до храна; неговиот татко одбивал да се вклучи ви поткуп или црниот пазар, верувајќи дека сето тоа е неморално. Неговата мајка била во агонија: „Ги жртвуваш сопствените деца!“.
Таа ја продала нејзината венчаница за да купи храна. „Умиравме“, пишува Ким. „Немавме никаква енергија да играме или да читаме книги“.
До летото 1996 година, дневниот оброк на семејството беше плевел, а некои денови имаа само мали голтки вода.
Мајката на Ким отишла кај нејзините родители. Неговиот татко одлучил дека најдобро решение е да живее со неговиот брат кој живеел близу Пјонгјанг и беше еден од главните во Корејската народна армија.
Патувале со воз; патувањето што требаше да трае помалку од 10 часа траеше 3 недели.
„Луѓето лежеа во ходниците, премногу слаби да ги кренат главите за залаци храна;
другите беа извадени од возот и оставени да умрат. Како што минуваме по станици, гледав тела“, пишува Ким.
Бегството
Семејството, без разлика дали беше заедно или одделно, не беше добредојдено многу долго. Како што остануваше храна малку, екстра луѓето беа фатална одговорност. Ким пишува како ја гледал неговата роднина додека крие храна, и како таа го молела да не кажува.
Кучињата исчезнале од улиците, а истото се случило и со глувците. Се ширеле приказни дека луѓето убивале и јаделе сопствени деца или ги продавале за храна - приказни во кои Ким верува до ден денес.
Таткото на Ким ја продал половина куќа за пченкарен леб кој им траел една недела, а потоа отишол да моли братучед да му даде храна, кој секако одбил.
Тоа беше крајот на таткото на Ким. Болен, постојано врискал и бил во агонија. Докторите не лекувале пациенти освен ако не добиеле целосен оброк.
Цели 2 месеци таткото на Ким се мачел да умре. На неговиот погреб, мајката на Ким кажа дека таа и нејзината сестра ќе одат во Кина; изнајмила брокер за да ги прошверцува. Но, таа била фатена и затворена, а подоцна дозна дека ја продала неговата сестра на Кинез.
Во тоа време Ким имал 12 години. Ги поминал следните 3 години одејќи и живеејќи кај различни роднини, но имало моменти и кога живеел на улица или во домашен притвор за млади момчиња и девојчиња, кадешто постојано слушал крик на децата кои биле силувани од чуварите.
Сепак, обезбедувањето било слабо, па после неколку месеци успешно избегал. Без семејство и храна, тој го направил тоа што претходно било незамисливо: една студена зимска вечер, тој успеал да ја помине замрзнатата Тумен река и да стигне во Кина - еден од најчестите начини на Севернокорејците да избегаат.
Откако ја преминал реката, се скрил во напуштена куќа и таму останал шест дена. Конечно пронашол црква, а постара Кинескиња му кажала да бара крстови, бидејќи тие биле знак за безбедни места. Ким не знаел што значи тоа, но направил како што таа му кажала и завршил во црквата во градот Тумен.
Таму пронашол подземна мрежа на кинески христијани, предводени од свештеник кој им помагал на Севернокорејците да пребегнат во Кина.
Пасторот стана човек на кој Ким целосно му веруваше. Тој му помогна на Ким да се скрие, му донесе нови алишта за да не дели и го остави кај постара жена на која и` беше потребна помош.
После неколку месеци, еден мисионер дојде во црквата со специјална понуда за Ким.
„Дали би сакал да одиш во Америка?“ го прашала таа.
„Мојот одговор беше НЕ, поради тоа што мозокот ми беше испран“, пишува Ким.
Тој знаел многу малку за тоа што се случува низ светот. За 9/11 слушнал дека две големи згради паднале. Знаев дека е Америка, меѓутоа не знаев дека е Њујорк“.
Сепак, тој бил охрабрен да размисли уште еднаш. Му покажале филм од Силвестер Сталоне, а тој не можел да верува што гледа: „Сталоне.. оди до фрижидерот, зема леби шише вино. Го јади лебот и го пие виното, станува и си заминува. Ова беше неверојатно. Америка беше толку напредна што не мораше сами да ги мијат своите чинии“ пишиува Ким. „Америка беше неограничена па затоа решив дека сакам да видам каков е животот таму“.
Тој бил однесен во засолниште во Јани, кој делумно го водеше американска непрофитабилна организација наречена LiNK (Liberty in North Korea). После 2 месеци, Адриан, млад Американец му се претстави на Ким и му објасни дека ќе го носи него и уште две момчиња во Америка.
Прво, Адриан мораше да направи момчињата да изгледаат покинески - агресивни, модерни. Ги научи како да користат сленг.
Ги однесе во ресторан за брза храна. Ги изложи на западна култура и хумор.
Им купи нови алишта и им велеше да бидат исправени. Поминаа денови во бегство, одејќи од хотел во хотел, додека конечно стигнаа во американскиот конзулат. Таму тој живеел 4 месеци пред да замине во Америка.
Социјалниот работник го однесе да живее со семејство во Ричмонд, Вирџинија. Во тоа време Ким имаше 17 години. Едвај зборуваше англиски, а за иронијата да биде уште поголема, неговото семејство имаше необични и строги правила кога стануваше збор за храна; фрижидерот го чуваа празен, заклучен и немаше друго јадење освен редовните оброци.
„Не можев да сфатам зошто патував од Кина, за да завршам во Америка и таму да умрам од глад“.
Тој му се јави на социјалниот работник; ужасната од ситуацијата таа веднаш го однесе да живее во ново семејство. На првиот ден, неговата нова мајка му го отвори фрижидерот и му рече: „Џозеф, ова е твојот дом и можеш да јадиш колку сакаш“.
Ким се асимилира неверојатно брзо, и после дипломирањето на 21 година тој одлучил да се пресели во Њујорк. Слушнал дека неговата мајка се`уште е во затвор поради бегство, но не знаел каде е неговата сестра. „Се надевам дека мајка ми се`уште е жива и се надевам дека сестра ми е некаде во Кина со добар сопруг“, вели тој.
Денес Ким има 24 години; иако поради неухранетоста академски беше поназад, успеа да влезе на Американскиот универзитет во Вашингтон.
Како што вели би сакал да работи и да им помогне на Севернокорејците но се надева дека секогаш ќе живее во Њујорк, кој го избра поради посебна причина.
„Се плашев дека нема да можат да застанам на нозе во американско општество. Бев доста разгален: имав храна и облека. Се` што требаше да направам е да одам во средно. На денот на матурата имав сомнежи во себе: Дали имам вештини за да преживеам? И помнам дека некој ми рече: „Ако преживееш во Њујорк, ќе преживееш секаде“.