X
 09.06.2015 Наука

Зошто немаме пронајдено вонземјани досега?

За секое зрно песок на Земјата има илјадници ѕвезди во универзумот. Знаеме дека има трилиони планети, но каде се вонземјаните?


Патувањето во вселената е многу комплицирано и тешко. Потребни се многу материјали и време, а можеби и планетата на која би патувале не е таква како што ни изгледа одовде. Животот на Земјата постои барем 3,6 милијарди години, интелигентниот човек живее 250.000 години, а технологијата за надворешна комуникација е присутна само еден век. Во вселената можеби имало интелигентни системи кои постоеле милиони години. Сепак, имајте предвид дека 99% од животинските видови кои живееле на Земјата се изумрени.

Освен тоа, не постои причина за претпоставка дека вонземјаните се како нас. Тие можеби комуницираат различно, размислуваат различно и изгледаат различно. Можеби сè уште не може да нè пронајдат од овие причини. Дури и доколку некогаш бидеме пронајдени од вонземјани, постои предизвик за успешна комуникација. Замислете ја најинтелигентната верверица во светот. Иако е интелигентна, таа е верверица и не може да го разбере човекот и општеството во кое тој живее, колку и да се трудите да објасните. Сепак, за верверицата дрвото е најсофистицираното нешто во светот и она што и е потребно за живот. Сепак, луѓето честопати ги сечат дрвата за своите потреби. Притоа, тие не сакаат намерно да им наштетат на вервериците, но го прават тоа. Доколку вонземјаните би имале потреба од материјали, тие можеби би го направиле истото и со нас.

Сепак, дури и да постои вонземски живот таму некаде, потребна е напредна технологија за тие да би стигнале до нас некогаш. Но, зошто би патувале толку долго и далеку за да соберат материјали?

Луѓето навистина не знаат кои се границите на технологијата. Можеби сме близу до границата или далеку. Луѓето поминале 90% од своето постоење како ловци. Пред 500 години луѓето мислеле дека се центар на универзумот. Пред 30 години ја користевме технологијата за меѓусебни борби поради политиката. Според галатичкото време, сè уште сме ембриони.

За подобро објаснување, погледнете го видеото на англиски јазик во продолжение.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука