X
 18.03.2021 Наука

Голем астероид ќе помине покрај Земјата наредната недела - еве како може да го следите во живо

Два поголеми астероиди ќе поминат покрај Земјата в понеделник рано наутро (22 март), а поминувањето на поголемиот ќе биде пренесувано во живо. Нема опасност за удар на астероидите во Земјата или во кој било сателит.

Првиот астероид, 2021 EQS, ќе помине поблиску до Земјата отколку до Месечината. Астероиди поминуваат покрај Земјата на оддалеченост помала од онаа до Месечината на неколку дена, но повеќето од овие астероиди се широки само неколку метри. Астероидот 2021 EQS ќе има дијаметар до 38 метри, односно може да биде со големина на мала станбена зграда, пишува „Си нет“.

Меѓутоа, поголем астероид треба да помине на поголема оддалеченост од Земјата истиот ден. Станува збор за астероидот 2001 FO32, кој има дијаметар од околу 1,6 километар. Овој астероид ќе помине на оддалеченост пет пати поголема отколку онаа до Месечината, но поради неговата големина може да се следи.




Проектот „Виртуелен телескоп“ базиран во Рим ќе врши пренос од поминувањето на астероидот на својата веб-страница овде.

Преносот почнува во 5 часот наутро, на 22 март.

Автор: Ерик Мак
Извор: cnet.com
Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука