X
 07.01.2024 Наука

Памукот подобро расте во вселената отколку на Земјата

Пазарот на памук ќе вреди 46 милијарди долари до 2027 година, според процените на експертите. Затоа, научниците тестираат начини за зголемување на производството на ова растение. Американските научници отишле чекор понапред - во вселената.

Тие анализирале зошто памукот подобро расте во вселената отколку на Земјата. Ова откритие може да отвори ново поглавје во земјоделството. Група истражувачи од Универзитетот „Висконсин-Медисон“ на Меѓународната вселенска станица истражувале како расте памукот во вселената во споредба со генетски модифицираниот памук кој успева во услови на суша.

Обичниот памук кој растел во вселената имал поголема деградација на протеинот и различни биохемиски маркери кои сигнализираат стрес, а кои не се пронајдени кај генетски модифицираниот памук. Сепак, двата вида подобро растеле во вселената отколку на Земјата.

Растенијата обично потешко успеваат во вселената, но двата вида памук, особено генетски модифицираниот памук, подобро растеле при микрогравитација. Модифицираниот памук во вселената имал најголеми корења и доживеал најмалку стрес за време на експериментот.

Истражувачите сега се обидуваат да откријат зошто памукот подобро расте во вселената и како тоа може да се примени за да се произведат поотпорни растенија на Земјата.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука