X
 14.06.2015 Образование

Запознајте ја најстарата германска докторантка која има 102 години

На Ингербор Силам - Рапопорт не и` било дозволено да ја одбрани нејзината докторска дисертација во 1938 година од Нацистите затоа што имала еврејско потекло.

 

докторант


Во вторникот, после речиси 8 децении, таа стана еден од најстарите германски докторанти на возраст од 102 години.

Неонаталогот, специјалист за грижа на новороденчиња, ја расчисти и последната пречка со полагање на последниот испит. Таа го доби нејзиниот докторат на свечена церемонија на Универзитетот во Хамбург.

„После речиси 80 години, конечно успеа да се врати одреден степен на правдата. Ние не можеме да ја вратиме неправдата која била направена, меѓутоа увидот во минатото ја обликува нашата перспектива за иднината“, изјави директорот на универзитетската болница.

Силам-Рапопорт во нејзиниот говор истакна дека поминала низ многу напор за да ја добие докторската диплома на оваа возраст, не за себеси, туку за другите кои исто како неа страдале од неправдата направена за време на Третиот Рајх.

„За мене лично, докторатот не значи ништо, меѓутоа да поддржиш голема цел и да излезеш победник - сакав да бидам дел од тоа“, изјави Ингеборг.

Откако Нацистите дошле на власт во Германија во 1933 година, тие постепено ги обесправиле Евреите, ги протерале од универзитетите, училиштата и многу професии, а на крајот ги депортирале и убиле во логорите во Европа.

Кога Ингеборг ја предала нејзината докторска дисертација нејзиниот претпоставен, Рудолф Деквиц, напишал писмо во 1938 година дека би ја прифатил нејзината работа доколку не би постоеле законите на Нацистите кои наредувале „да се направи невозможно да и` се дозволи на Г-ца Силам да го прими докторатот“.

Таа емигрирала во Америка во 1938 година без диплома. По аплицирањето на неколку американски унивезитети, таа на крај го завршила докторатот во Филаделфија и работела како педијатар, пред да се пресели со нејзиниот сопруг во Источен Берлин во 1952 година.

На прашањето како помина Ингербор на усниот испит, деканот на Медицинскиот факултет на Универзитетот Коч Громус, изјавил: „Таа беше брилијантна, не само поради нејзината возраст“.

„Ние бевме импресионирани од нејзината интелектуална виталност, и не` остави без зборови со нејзината експертиза во однос на модерната медицина“, изјави Коч-Громус. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование