X
 15.06.2015 Живот

Ова е најлудиот фестивал кој постои


Меѓународниот „височински состанок“ е фестивал само за најхрабрите. Фестивалот се состои од висење на тенки јажиња кои се закачени на италијанските Алпи. Фестивалот е италијански настан создаден само за зависниците од адреналин кои сакаат да ѝ се потсмевнуваат на смртта во лицето.

Точното место кадешто се одржува овој фестивал е Монте Пијана. Се работи за прекрасно место со необична форма и ретка местоположба откаде се има поглед кон бројни познати планини и езера. Местото е и познато по други, неубави работи. Имено, за време на Втората светска војна, овде животот го загубиле 15.000 млади војници.

Но, сега местото значи вкусување на најубавото од животот за сите учесници на фестивалот. Би учествувале?

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот