„Традиционалниот шпански фестивал е суров тест на интелигенција“, пишува новинарката Стефани Холмс во својот напис каде што апелира луѓето да ја бојкотираат традиционалната манифестација што секоја година се одржува во
Памплона.
(
Фото: Pixabay)
„Моментално во тек е најглупавиот фестивал на светот“, пишува таа.
Имено, „Сан Фермин“ почна во саботата и ќе трае до 14 јули, а за тоа време стотици луѓе ќе бидат повредени, а малиот шпански град ќе се претвори во ноќни пијанчења и животните ќе бидат сурово убивани.
Токму тоа е реалноста на трката на бикови што традиционално се одржува во Памплона и привлекува над милион туристи секоја година.
Дваесет и четири проценти од посетителите доаѓаат од Северна Америка, а следни на листата се Австралијците и Новозеланѓаните, но сепак во оваа манифестација најмногу ужива локалното население. Речиси да нема година некој да не биде убиен во трката на преплашените животни кои трчаат по камените улички низ градот.
„Повеќе од 80 проценти од Шпанците сакаат да го видат крајот на архаичниот и убиствен спектакл на борбата против биковите, но оваа индустрија се одржува ’на мускули‘ најмногу поради парите на австралиските и американските туристи“, вели Ема Харст, портпаролка на ПЕТА-Австралија.
„Сан Фермин“ се прославува од 1196 година, по што, според легендата, првиот епископ на Памплона настрадал од стадо разгневени бикови, кои го расфрлиле неговото тело низ улиците на градот.
Секое утро во текот на фестивалот се пуштаат по шест бика во затворен коридор импровизиран од тесните, калдрмисани улички, каде што луѓето се обидуваат трчајќи да ги насочат кон арената, каде што на крајот ќе бидат убиени од матадори.
Првенствено поради суровоста кон животните, се повикуваат туристите да го бојкотираат овој фестивал, но и поради сексуалното искористување на жените, затоа што секоја година во текот на одржувањето на манифестацијата се пријавуваат по неколку случаи на силување и сексуално малтретирање.