Патувањето и спиењето во хотели може да биде осамено и здодевно за оние што постојано го прават тоа. Еден хотел во Мисисипи, САД, открил совршен начин да ги стопли срцата на своите осамени гости.
„Хоме ту Суитс бај Хилтон Билокси Норт/Дибервил“ е хотел кој има програма за грижа за миленици. Програмата постои од октомври 2018. Хотелот носи кучиња згрижени од засолништето „Хјумен сосајети оф Саут Мисисипи“ во лобито на хотелот и им дава на гостите можност да се грижат за миленик во својата соба додека се сместени во хотелот. Гостите може и да ги земат милениците со себе доколку навистина им се допаднат.
Засолништето за кучиња зема околу 8.000 кучиња годишно, а околу 80% од нив се посвоени од страна на жители. Со оваа програма се зголемуваат шансите за посвојување на кучињата и се ослободува место во засолништето.
Оваа идеја била на Тереса Џонстон, одговорно лице за продажба во хотелот. По оваа програма хотелот се издвојува од другите. Освен тоа, на тој начин им се помага на кучињата.
Фото: Facebook.com/Home2SuitesBiloxiMS
Доколку еден гостин во хотелот сака да посвои куче преку програмата, треба само да пополни апликација и да плати сума од 50 долари за посвојување. Сепак, хотелот го задржува правото да одбие гостин. Досега 33 гости посвоиле куче преку програмата.
Извор:
Boredpanda.com