X
 23.04.2020 Живот

Уништени 800.000 лалиња во јапонски град откако жителите не ги следеле правилата за карантин

Јапонскиот град Сакура е домаќин на годишниот фестивал наречен „Сакура Тулип феста“. Станува збор за фестивал посветен на цветањето на лалињата. Секоја година десетици илјади луѓе се собираат на плоштадот „Сакура Фурусато“ и си ги полнат очите со прекрасната глетка од шареното море од лалиња околу автентична холандска ветерница, изградена по повод 400-годишното пријателство меѓу Јапонија и Холандија. 


1
Фото: JW

Коронавирусот не ги спречи цвеќињата да цветаат, за нив фестивалот продолжи, но го спречи градот да го прослави фестивалот.

Сепак, и покрај тоа што фестивалот бил откажан и плоштадот затворен, некои луѓе одлучиле дека е добра идеја да присуствуваат на цветањето на лалињата и сами да си направат фестивал.

Според градските власти на Сакура, околу 400 луѓе биле видени на плоштадот на 11 април. Ова било првиот викенд откако премиерот Шинзо Абе прогласил вонредна состојба во префектурата Чиба, каде [to се наоѓа Сакура.

За жал, било физички невозможно да се затвори областа и да се тргнат луѓето од плоштадот, па властите се одлучиле за порадикални мерки - уништиле речиси 800.000 лалиња од различни сорти.

2
Фото: Twitter

Локалните власти објасниле дека ова не била лесна одлука, но морале да ја донесат за доброто на граѓаните.

Некои луѓе ја критикуваа одлуката, велејќи дека цвеќињата можеле да се донираат на луѓе и институции. Како и да е, повеќето мислат дека ова е најефикасното нешто што требало да се направи бидејќи немало друг практичен начин да се обезбеди затворање на плоштадот.

Погледнете видео како би изгледал фестивалот ако не бил одложен.



Извор: Bored Panda
Фото: Trip Advisor
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот