Победникот на овогодинешниот натпревар за најдобра илузија во светот беше објавен, а победничката илузија, исто како онаа со фустанот пред неколку месеци, ќе направи да се сомневате во вашите способности за забележување бои.
Првата награда, спонзорирана од „Neural correlate society“ беше доделена на Марк Вергер од Белгија за „Бои кои се двојат“.
Илузијата се состои од начинот на кој ги гледаме боите. Започнуваме со две идентични обоени ленти кои остануваат исти во текот на целата демонстрација. Меѓутоа, различната позадина прави луѓето да ги гледаат лентите како различни.
Причината зошто боите ги гледаме погрешно е во нашиот мозок кој ја менува претпоставката за боите кога контрастите и боите во позадината се менуваат во однос на целото визуелно поле, како промени во светлината и контекстот.