X
 24.10.2021 Забава

Трокслеров ефект - оптичка илузија што го менува начинот на кој гледате на околината

Трокслеровиот ефект е една од најпознатите оптички илузии во светот, а најмногу бидејќи поттикнува да се запрашате за вашата реалност, односно за објективноста на начинот на кој гледате на светот околу вас.

Таа се сведува на фокусирање на една точка додека сè околу неа избледува. На пример, на илустрацијата подолу, доколку гледате во црвената точка во центарот 20-30 секунди, синиот круг околу неа ќе „исчезне“.



Овој ефект го носи името на швајцарскиот лекар и филозоф Игнац Паул Витал Трокслер. Во 1804 година Трокслер забележал дека мозокот престанува да обрнува внимание на нешто што го гледаме, а што не се менува. Значи, доколку одредена визуелна сцена не се движи или менува, мозокот ќе ја игнорира.

Нашиот мозок едноставно не го регистрира она што му е небитно кога се фокусира на она што го интересира. Во овој случај, мозокот се интересира за црвената точка во центарот.

Извор: DDL
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава