Јапонскиот фотограф Кеничи Оно создаде фотографија која ги воодушевува луѓето низ целиот свет. Тој не ја уредил фотографијата во „Фотошоп“ или друг сличен софтвер, иако таа изгледа неверојатно.
На фотографијата може да се види птица како влегува во плитка вода. Фотографијата била поднесена на натпревар за природни убавини во Јапонија, по што станала светски популарна откако многу корисници на интернет се обиделе да сфатат дали станува збор за композиција од повеќе фотографии или една оригинална фотографија.
Иако изгледа поинаку, фотографијата е оригинална. На неа сончевите зраци удираат во ѕид кој се гледа од десната страна и кој се одразува во водата.
Доколку сè уште сте збунети, во продолжение е фотографија од локацијата на која е направена.
Извор:
Upworthy
Насловна фотографија: Facebook