X
 16.06.2015 Живот

Во недела (21-ви јуни) ќе се одбележи Светскиот ден на јогата

Уметност на живеење Македонија и индиската амбасада од Бугарија, ве покануваат на одбележување на Светскиот ден на јогата во Градски Парк – Школка, на 21 јуни 2015 година (недела), со почеток во 09.00 час под мотото „Јога вежби и техники за надминување на напнатоста и стресот”

Овој настан во истиот термин ќе се одбележи насекаде во целиот свет. Илјадници луѓе низ цел свет ке вежбаат јога и техники за намалување на стресот, приближувајќи ги кон секојдневниот модерен човек. Имаме и ние можност, Република Македонија да биде дел од едно вакво глобално случување. Повелете во недела со почеток во 09 часот да практикуваме јога во природа и да ја почуствуваме добробитта од јогата и техниките на дишење..

Понесете со себе јога мат, простирка, добар пријател и една голема насмевка. За учесниците се обезбедени, маица, здрав појадок, вода, здрав пијалок...

Програма:
09.00 – 10.00 јога час и вежби
10.00-10.30 свечено обраќање на претставници од индиската амбасада и други видни личности.
10.30 -11.00 отворен час за Техниките за надминување на напнатоста и стресот.

Учеството е БЕСПЛАТНО.

Минатата година Собранието на ООН ја усвои резулуцијата за воведување на Светски ден на јогата која беше подржана од 177 земји во светот. Оваа година за прв пат во седиштето на Обединетите Нации прославата на меѓународниот ден на јогата ќе се одбележи во присуство на генералниот секретар на ООН, Бан Кимун и Претседателот на собранието Сам Кутеса, каде специјална јога сесија ќе одржи и демонстрира основачот на Меѓународната фондација Уметност на живеење, Шри Шри Рави Шанкар. Оваа сесија ќе биде емитувана во живо дирекно од Тајм Сквер во Њујорк, место кое се смета за глобална точка на светската популација.

За повеќе информации кај Соња Малиновска: 071/98.10.11 sonja_mala@yahoo.com


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот