X
 15.02.2016 Здравје

Брзи јога-вежби за ослободување од болката во вратот

Долгите и стресни денови на работа или на предавања, обврските и секојдневните физички активности може да бидат штетни за мозокот и телото. „Lifehack“ нудат неколку јога-вежби за стабилизација на телото и умот кои особено помагаат во ослободувањето на болката од вратот и горниот дел од грбот.

Поза 1


Започнете со положба на колената и вдишете. Издишете и спуштете го задниот дел од телото кон стапалата додека го истегнувате телото и рацете ги испружувате нанапред. Одморете ги рацете на површината и останете така 3-5 вдишувања и издишувања.

Поза 2


Започнете со дланките и колената на подот. Движете се кон втората поза вдишувајќи, а потоа спуштете го стомакот на подот и кренете ги главата и градите гледајќи кон таванот. Повторете ја вежбата 3-5 пати.

Поза 3


Започнете седејќи со испружени нозе. Прекрстете го десното стапало надвор од левата нога со свиткано колено. Десното колено е насочено кон таванот. Вдишете и ставете го левиот лакт надвор од десното колено со десната рака на подот под вас. Вртете се нежно движејќи се со стомакот. Задржете ја положбата 5 вдишувања и издишувања, а потоа повторете на другата страна.

Поза 4


Седнете со вкрстени нозе, гледајте право пред вас со рацете покрај вас. По длабоко вдишување и издишување донесете го десното уво до десното рамо додека главата останува во иста линија како рамениците. Повторете и на другата страна.

Поза 5


Започнете со стоечка положба со раширени стапала. Вдишете и исправете го грбот пред да издишете додека се наведнувате со колковите. Нежно спуштете ја главата на подот. Ставете ги рацете на подот со лактите насочени позади вас. Останете во позата 3-5 вдишувања и издишувања.

Поза 6


Започнете со позата 1. Држете ги петиците со рацете, вдишете и нежно свиткајте се со челото кон колениците, кревајќи ги колковите кон таванот. Издишете и полека спуштете ги колковите до почетната положба. Повторете 3-5 пати.

Поза 7


Започнете со почетната положба на втората поза. Вдишете додека ги поместувате рацете пред вас, спуштајќи ги градите кон подот. Издишете и полека спуштете го челото на земјата. Вдишете и испружете ги рацете пред вас, а колковите движете ги нагоре. Издишете и останете во позата 3-5 вдишувања и издишувања.

Поза 8


Започнете со легната положба и постепено кревајте ја горната половина поместувајќи ги рацете под вас. Останете во положбата 3-5 вдишувања и издишувања.

Поза 9


Започнете со легната положба со нозете кренати над колковите и притиснати до ѕид. Вдишете и издишете 5-7 пати.

Поза 10


Легнете на душек или прекривка на подот. Лежете со свиткани коленици, а потоа испружете ги нозете една по една. Оставете го телото да се опушти на подот со рацете покрај вас. Продолжете да дишите со затворени очи 3-10 вдишувања и издишувања.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје