Како да избегнете лажна онлајн диплома? Експертите велат дека студентите треба да имаат во предвид дека можеби станува збор за измама тогаш кога онлајн курсовите нудат диплома без многу вложено време и напор.
За студентите, барањето на онлајн програма за учење може да звучи како еден вид на „состанок на слепо“ со оглед на тоа што не знаат што ги очекува и која е намерата на веб страната.
Тие имаат илјадници онлајн програми од кои можат да избираат - некои од нив нудат брзи, лесни дипломи кои изгледаат премногу добро за да биде вистинито. За жал, токму тоа се. А студентите кои се измамени се оставени со празен џеб и лажна диплома.
Дали постои начин со кој ќе се избегне овој вид на измама? Секако, доколку ги забележите следните знаци.
1. Доколку статусот за акредитација е мрачен. Кога студентите бараат програма тие сакаат информациите кои ги добиваат на веб страните да се валидни. Ако една онлајн програма или курс е акредитиран, тогаш нема потреба од никакви сомнежи.
Секако, не сите акредитациски групи се еднакви. За да се осигурате дека организацијата е легитимна, студентите треба да проверат дали програмата е акредитирана од CHEA (Council for Higher Education Accreditaion).
2. Името изгледа престижно и нејасно познат. Понекогаш програмите крадат познато име или бренд и го модифицираат малку колку да не се забележи промената. Некои дури и ги фалсификуваат имињата на факултетите и акредитации.
Доколку студентите дојдат во допир со на пример, професор Џо Смит во училиште како Харвард технолошки универзитет, тогаш студентите треба да спроведат подлабоко истражување.
3. Заработувањето на дипломата се чини брзо и лесно. Студентите треба да знаат дека ваква студиска програма секогаш е лажна. Никогаш не е толку лесно да се добие онлајн диплома. Токму тоа треба да ви биде алармантен знак дека не станува збор за легитимна програма.
4. Не постојат докази за студентски услуги. Легитимните онлајн програми треба да имаат ресурси достапни за студентите, вклучувајќи и технолошки услуги, советување и библиотекарски услуги. Ако студентите немаат увид во овие извори, тогаш треба да се сомневаат.
5. Доколку не постои адреса. Студентите имаат право да се сомневаат доколку програмата не обезбеди било какви информации во врска со бизнис адресата и дава само меил адреса. Всушност, повеќето легитимни американски образовни веб страни завршуваат со edu.
6. Постои голем притисок да се запишат студентите. Друг знак дека програмата може да е лажна е тоа што „господата“ од програмата не ве оставаат на мир и постојано ве прогонуваат и ви досадуваат.
7. Програмата бара голем аванс. Имајте доста сомнежи доколку програмата бара да уплатите голема сума на пари уште пред да започните со наставата.