X
 26.09.2019 Култура

Ѕирнете во најновата њујоршка библиотека вредна 40 милиони долари

Стратешки позициониран на брегот на Ист Ривер, отспротива на седиштето на Обединетите нации, градот Њујорк има прекрасен додаток.

Поставен меѓу паркови и панорамскиот поглед на Менхетн, овој објект вреден 40 милиони не е ниту зграда со луксузни станови ниту со канцеларии на огромна корпорација.

Всушност, зградата е „Хантерс поинт“, најновата јавна библиотека во градот, дизајнирана да се забележи оддалеку.

Освен над 50.000 книги, вклучувајќи и шпански и кинески збирки, како и сајбер-центар со компјутери, меѓу најзначајните елементи се дизајнерскиот мебел од Ејмс и Жан Прово, уметничка инсталација од Џулиен Сварц, простор за настани, простории за деца и „тивка соба“.

Освен тоа, и покривот служи како место за седење, а зградата нуди и центар за едукација за животната средина и кат за тинејџерите со простории за видеоигри.

1
Фото: Steven Holl Architects

„Хантерс поинт“ е 217 библиотека во Њујорк, а библиотеките привлекуваат вкупно 37,7 милиони луѓе годишно. Во Квинс, кој нуди едни од најголемите услуги за библиотека во САД, ниту еден од жителите во околината не живее повеќе од еден километар оддалечен од библиотека.

- Очигледно библиотеките се поважни од кога било сега, во ерата на владеењето на Доналд Трамп, кој го напаѓа нашето чувство за пристојност и кој се обидува да го демонтира граѓанскиот простор и стабилноста каква што ја познававме - изјави Џими ван Брамер, член на локалниот совет и претседател на њујоршкиот комитет за културни работи и библиотеки.

3
Фото: Steven Holl Architects

Тој рече дека Американците треба да му возвратат на Трамп со подобрување на нивните библиотеки и другите простории каде што луѓето можат да се соберат, да разговараат, да се среќаваат и да ја бранат нивната демократија и соседства.

И покрај зголемениот пристап до интернетот, библиотеките се покажаа како доста цврсти во САД, приспособувајќи ги своите услуги на променливите потреби на заедниците. Посетите остануваат релативно високи. Во 2016 година имало 1,35 милијарда посети во народните библиотеки, во споредба со 1,39 милијарда посети претходната година.

4
Фото: Steven Holl Architects


5
Фото: Steven Holl Architects

- Никој пред 30 години не би предвидел дека од сите јавни институции што ги имаме библиотеката би била најприспособлива за задоволување на потребите на современите граѓани. Но, така е - вели Ерик Клинберг, директор на Институтот за јавно знаење од Универзитетот во Њујорк.

6
Фото: Steven Holl Architects

Библиотеката „Хантерс поинт“ е потсетник за потенцијалот на јавната архитектура.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура