X
 09.07.2015 Технологија

Од Њујорк до Лондон за три часа

Замислете да можете да се качите на авион кој за само три часа ќе ве однеси од Њујорк до Лондон.

 

авион


Овој сон наскоро може да стане реалност благодарение на S-512 Supersonic Jet. Се смета дека авионот со двоен мотор ќе ги револуционизира бизнис патувањата со намалување на летот за 50%.

„Летањето со 724 километри на час е побрзо од било кој друг цивилен авион, такашто Spike S-512 ќе им овозможи на клиентите повеќе да уживаат во животот“, пишува Spike Aerospace на нивната веб страна.

Во прилог на ефикасното патување, авионот може да се пофали со луксузна кабина која може да собере до 18 патници, додека кабината наречена Multiplex Digital има големи екрани наместо традиционалните прозорци и нуди исклучителни можности за забава.

„Прозорците од кабината може да претставуваат вистински пејсажи од надворешниот свет, прекрасно зајдисонце, филм, презентација на Power Point или нешто друго што ќе изберете вие“, велат од компанијата.

Додека S-512 има извонреден дизајн и функционалност, помина долго време откако првичниот концепт му беше претставен на светот во 2013 година.

„Од тогаш, нашите инженери се фокусирани на аеродинамична анализа и оптимизација на дизајн за да ги усполнат трите услови: безбедност, перформанси и ефективност на цената. Изминативе 18 месеци резултираа со значителни подобрувања во сите три фактори и во неколку дополнителни области“, пишуваат тие.

Додека авионот се`уште не е комерцијално достапен, оние кои сакаат да го купат авионот треба да издвојат помеѓу 60 милиони и 80 милиони долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија