X
 20.06.2015 Технологија

Натпревар за изградба на капсули за футуристичкиот "Hyperloop" на Елон Маск

„SpaceX“, компанијата на Елон Маск ќе гради тест патека за „Hyperloop“, масовниот транзитен систем на соларна енергија за кој тој се надева дека ќе ги замени брзите железници како регионален транспорт за луѓето.

 

2


Како што Маск наговести „SpaceX“ ќе создаде патека долга 1 милја со цевка. Компанијата ќе ги покани сите инженерски тимови од универзитетите, непрофитните организации и  компании да достават дизајн за изградба на капсули кои треба да бидат тестирани следната година.

Маск го предлага „Hyperloop“ како поевтина и побрза алтернатива за патување помеѓу Сан Франциско и Лос Анџелес. Тој тврди дека неговата технологија ќе биде огромен напредок во однос на планираниот воз во Калифорнија, кој кога ќе се изгради нема да одговара со системите со голема брзина кои ќе се користат во Европа и Азија.

Сепак, експеритте за градежништво ги доведуваат во прашање проценките на Маск и велат дека потребни му се многу градежни дозволи како и имплементирање не неиспробана технологија која ќе биде поскапа отколку што очекува. Некои стравуваат дека „Hyperloop“ нема да може да се движи доволно за да биде корисен де од регионалната инфраструктура.

 

1


Позади натпреварот за „Hyperloop“ стои Стив Дејвис, еден од најстарите вработени на „SpaceX“ кој е сега шеф на Напредни проекти. Дејвис работел на првата „Falcon“ ракета и вселенската капсула „Dragon“.

Натпреварот ќе претстави различни технички прашања, вклучувајќи ја и безбедноста која ќе ја нуди системот. Учесниците ќе мораат да бидат подготвени да кажат што ќе се случи ако капсулата изгуби моќ или доколку дојде до оштета.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија