X
 18.07.2017 Технологија

Новата опција на „Фејсбук“ го отежнува „шпионирањето“

Новата опција на „Фејсбук“ е наречена „Хелоу“. Она што е проблематично е местото каде што е поставена новата опција.


Имено, ако го посетите профилот на некој од своите пријатели, ќе видите икона со рака што мавта, а над неа стои зборот „Хелоу“. Ако кликнете на неа, лицето ќе добие известување дека сте му мавнале.

Но, опцијата се појавува и на профилите на луѓето што не ви се пријатели. Толку е впечатлива, особено на мобилната апликација, а се наоѓа веднаш под профилната фотографија, на левата страна од екранот.

Корисниците се жалат дека е прилично лесно да се случи случајно да кликнете на иконата, што може да биде непријатно доколку го „шпионирате“ профилот на лицето кое ви се допаѓа, што често се случува на оваа социјална мрежа. Други велат дека често им се случувало да кликнат на тоа копче по грешка, наместо на она „Додај за пријател“.

Сепак, има решение. Ако случајно кликнете на новата опција, можете тоа да го поништите така што повторно ќе кликнете и потоа ќе ви се појави опција за потврдување. Опцијата не е достапна за сите корисници на „Фејсбук“ бидејќи е нова и е во фаза на тестирање, но прашање на време е кога ќе биде достапна за сите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија