X
 13.03.2016 Технологија

Хајперлуп во Словачка - од Братислава до Виена за 8 минути

Компанијата „Hyperloop Transportation Technologies“ (НТТ) со владата на Република Словачка потпиша договор кој можеби ќе реализира брз транспорт помеѓу некои градови во средна Европа.

 

prevoz


Оваа компанија се обврза да го истражува потенцијалот на изградба на истоимениот систем за брз транспорт кој би служел за превоз на патниците помеѓу Братислава, Виена и Будимпешта.

Хајперлуп (Hyperloop) претставува концептуален транспортен систем кој треба да започне да се користи во Калифорнија, а кој се основа на движење на капсулите во цевка во која драстично е намален воздушниот притисок, што овозможува доста брзо движење.

„Словачка е лидер во автомобилската и енергетската индустрија, такашто присуството на ова превозно средство ќе биде успешна иновација и во државата и во останатиот дел од Европа“, изјави директорот на компанијата Дирк Алборн.

Со полна брзина, капсулата на Хајперлупот од Братислава во Виена би стигнувала за само 8 минути, додека патувањето со автомобил трае помалку од еден час.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија