Фото: Twitter
Над сто земји низ целиот свет се цел на хакерски напад со кој се бараат 300 долари доколку корисниците на компјутерите сакаат малициозниот софтвер „Wanna Decryptor“ да биде повлечен од нивниот компјутер. Со вирусот најмногу се погодени Русија, Тајван и Украина.
„Заклучени се важни датотеки. Ако се обидувате да пронајдете начин како повторно да дојдете до вашите податоци, не губете време. Никој не може да ги врати вашите датотеки освен нашиот сервис за дешифрирање“, стои во пораката која се појавува на компјутерите.
Исто така, хакерите бараат исплата од 300 долари до 19 мај, инаку сите податоци ќе бидат избришани од компјутерот.
Што всушност е „Wanna Decryptor“?
ИТ експертите објаснуваат дека станува збор за опасен вирус на интернет кој може да предизвика голема штета. „Wanna Decryptor“ е шифриран софтвер на таканаречен „ransomware“ кој на неговите творци може да им донесе голема добивка, а најголема штета на своите жртви.
Во компјутерот влегува преку малициозни додатоци во несаканата пошта, а штом се отвори веднаш започнува со шифрирање на податоците. Софтверот создава шифрирани копии од податоците од компјутерот на жртвата после што ги бриши оригиналите. Поради тоа остануваат само шифрирани копии до кои не можете да дојдете без клуч за дешифрирање. Шифрирањето трае од неколку минути до неколку часа, во зависност од количината на податоците на компјутерот.
Основното ниво на
софтверот може да биде отстрането ако го ставите „Windows“ во режим на безбедност(safe mode). После тоа треба да ја пуштите антивирусната програма која ќе го пронајде и избриши софтверот. Сепак, отстранувањето на вирусот зависи од тоа каква програма имате на компјутер, а хакерите често се во предност бидејќи антивирусните програми на многу компјутери ги немаат обновено или дополнето новите дефиниции за безбедност .
Една од најважните рабти е да имате направено последна надградба на дефиницијата за безбедност на Windows. Последната надградба која го сперчува овој вирус е пуштена од
Мајкрософт на 14 Март. Доколку имате вклучено автоматска надградба на Wiindows, тогаш би требало да сте заштитени.
Ова не важи за постарите верзии на Windows, како XP, Vista, Win8, Server 2003. Но, сепак Мајкрософт експресно издаде надградба и за овие оперативни системи.