Денес е вторник, 29 август 2017 година, 241-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:50, а ќе зајде во 19:16 часот. Денот ќе трае 13 часа и 26
минути.
Облачноста која што во текот на ноќта понеделник кон вторник започна да
се зголемува, ова утро во Македонија ни носи претежно облачно време со
локални врнежи од дожд пред се во северозападните, североисточните и
централните предели. Во наредните часови ќе продолжи зголемувањето на
облачноста и проширувањето на врнежите од дожд и во останатите предели.
МАКЕДОНИЈА – Во Mакедонија денес во утринските и претпладневните часови
ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд кои што прво ќе ги
зафатат северните, североисточните и северозападните предели а подоцна и
во останатите предели од Македонија. Треба да се напомене дека се
очекуваат слаби врнежи од дожд. Во доцните попладневните часови врнежите
ќе престануваат и постепено намалување на облачноста. Ќе дува доумерен
засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до
30 км/ч. Утринските температури од 12 до 23 степени, додека пак
максималните дневни ќе достигнат до 19 односно до 29 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските и претпладневните часови претежно
облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд, ветровито и посвежо
време. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 20
степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 26 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во раните утрински часови услови за слаби
врнежи од дожд можно е да има во крајните јужни и југоисточни предели, а
во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална
облачност и потопло време. Утринските температури од 7 до 16 степени,
додека пак максималните дневни од 22 до 32 степени. Во четврток и петок
по свежото утро со утрински температури од 5 до 14 степени, во текот на
денот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални температури
кои што ќе се движат од 23 до 33 степени, односно од 25 до 35 степени.
Невообичаено свежо утро ќе имаме и во сабота со утрински температури д 6
до 15 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло
време со температури од 26 до 36 степени.
Weather4all.com.mk