X
 22.02.2019 Живот

Краток филм кој ќе ве претвори во вегетаријанци за две минути

Една сосема обична ноќ Ерик одлучува со пријателите да оди на вечера во нов ресторан кој искуството со храната го крева на сосема ново ниво. Ветено им е незаборавно искуство и со нетрпение го дочекуваат келнерот.

Во стилот на серијата „Црно огледало“, ги дочекува страшно изненадување - пред да го добијат оброкот, тие мораат сами да го убијат животното чие месо сакаат да го јадат.

Ова е дејствието во краткиот филм „Casa de Carne“ (Куќа на месото), кој ја доби првата награда на Анимал филм фестивал, а во нешто повеќе од две минути авторот Дастин Браун сликовито прикажа што всушност правиме со консумацијата на месо.

Па, ако имате стомак за тоа, погледнете:

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот