На факултет ќе научиш дека растењето и влегувањето во светот на возрасните е навистина страшно! Исто така, ќе научиш дека:
1. Не постои ништо поудобно од сопствениот кревет после 13 часа поминати во библиотека.
2. Кога станува збор за храната, пронаоѓање на баланс помеѓу здрава исхрана и најпогодната храна е тешко(погодноста секогаш победува).
3. Речиси е невозможно да се справиш со факултетот, личниот живот и врските. Избери само две.
4. Повеќето од ноќите ќе ги поминеш прашувајќи се дали парче пица или бурек во 2 часот наутро ќе те банкротираат.
5. Глупавите работи кои ти пречеа повеќе не ти пречат.
6. Се сеќаваш кога мислеше дека знаеш се`? Поправка: Не знаеш ништо (Џон Сноу).
7. Не постои поубаво чувство од завршување на семинарска после цела ноќ непроспиена, иако половина од ноќта го помина на Фејсбук.
8. Никогаш да не му веруваш на професорите кога ќе речат: „Не се грижете студенти, ова нема да го има на испит“. Лажат! Ќе биде на испит.
9. Петоците > Понеделниците
10. На моменти посакуваш повторни да си дете.
11. Факултетот ќе те натера да правиш чудни работи како на пример ставање на аларм за 10 минутна дремка.
12. Кога си на тест со повеќе понудени одговори кои за тебе сите се: „Да, точно е“.
13. Всушност, твојот цел живот се чини како тест со повеќе понудени одговори.
14. Единственото нешто за кое си сигурен е дека групните проекти биле дизајнирани од ѓаволот.
15. Сите ти велат дека факултетот е лесен како возење велосипед. Освен тоа што велосипедот е запален. И земјата е запалена. И се` е запалено. И ти си во пеколот.
16. Твојата самодоверба и мотивација се директно поврзани со тоа колку си поблиску до крајот на семестарот.
17. Не постои ништо пострашно од фактот дека стануваш возрасна личност.
18. И најважно, ќе имаш 57 различни работи кои треба да ги направиш истовремено, и ќе ги игнорираш ама баш сите.
19. Не можеш да излезиш во сабота навечер бидејќи имаш есеј или семинарска за пишување. Не дека ќе седнеш да го пишуваш токму таа вечер туку потребно е да посветиш одредено време не правејќи го есејот пред всушност да седниш и да го направиш.
20. Кога животот ти дава лимони, напиј се текила.