Во „Apple“ се исплати да се биде дури и обичен практикант. Нивните плати се многу повисоки од најголемата плата во земјава.
„
Business insider“ известува дека практикантите во компанијата „Apple“ може да имаат плати до
7.000 долари месечно, односно 80.000 долари годишно. Иако тоа е максимумот, просечната плата на практикантите за половина работно време изнесува 2.500 долари месечно, што би било 5.000 долари месечно за целосно работно време.
Во што е трикот?
Целосен молк. Доколку кандидатите поминат низ интервјуто и добијат понуда за практикантска работа, компанијата од нив бара да останат неми за она што ќе го видат, слушнат или на што ќе работат.
Но, дури и да не бидат примени во „Apple“, кандидатите може да се пријават за пракса во некоја од другите гигантски компании како „Facebook“ и „Linkedin“, кадешто просечната практикантска плата изнесува
6.200 долари месечно.