X
 26.10.2015 Живот

Професии кои во иднина ќе исчезнат

Технолошкиот напредок ширум светот нема да влијае само врз поштенските услуги кои се намалуваат од ден на ден - еве кои други професии ќе бидат загрозени.

 

profesija


Работник во печатница


Работниците во печатница прегледуваат различни примероци во текот на печатењето за да поправат грешки. Многу весници поминуваат од печатени во дигитални изданија, па така и потребата за овие работници.

Риболовец

Се чини дека риболовот ќе остане како хоби, но не и како професија. Разни средства за риболов се поефикасни од јадицата за риболов, а постојат и цели компании за риби и морски плодови, кадешто воопшто не се потребни риболовци.

Работници на машини за пластика или метал

Работниците во оваа професија ја местат и контролираат машинеријата за работа. Напредната технологија едностафвно ги елиминира овие работни места.

Проценувачи на ризик


До неодамна работниците во осигурителните компании за проценување на ризикот од несреќа беа и повеќе од потребни, меѓутоа за ова денес постојат софтверски решенија.

Стујардеси и стујарди

Овие професии нема да исчезнат, но потребата за нив ќе се намали. Постојаните економски потешкотии и евтините цени на летовите може да ги спречат компаниите во вработување на стујардеси и стујарди.

Аранжер на цвеќиња

Аранжирањето на цвеќиња често подразбира знаење, но и уметност на спојување на различни видови цвеќиња за одредени настани и случувања. Сепак, луѓето се` помалку купуваат цветни ангажмани.

Дрвосечачи

Голем број закони низ светот забрануваат сечење на шумите, меѓутоа се` додека постои потреба за дрвото - во било која форма, ќе постојат и оние кои (нелегално) ја сечат шумата.

Агенти за патувања

Се` почесто го користиме интернетот за да пребараме дестинација, цени или да резервираме лет или сместување. Услугите на агентите со самото тоа се се` помалку потребни.

Фармери, земјоделци


Трендот на се` помал број луѓе кои се занимаваат со земјоделие веќе постои, такашто во текот на наредните неколку години ќе останат само оние со најдобрата машинерија за преработка на земјата.

Поштари

Сметките можат да стигнуваат по електронски пат, а исто така и можеме да ги платиме, што е побрзо и поевтино. Не испраќаме писма, туку се јавуваме и испраќаме меилови... Дури и започнуваат да се создаваат мали роботи кои ќе разнесуваат пакети. Поштарите се „загрозен“ вид кога станува збор за професии во иднина. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот