Според податоците од Државниот завод за статистика, највисока стапка на слободни работни места има во секторот Градежништво, додека најмала во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување.
Според занимањата, најголем број на слободни работни места (2.025) има во групата Работници во услужни дејности и продажба.
Гледајќи според секторот, најмногу слободни работни места има во преработувачката индустрија - 1. 692 слободни работни места, а потоа во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли - 1.667.
Според податоците, најголем број пополнети работни места има во Преработувачката индустрија - 111.462 пополнети работни места.
Најмалку пополнети работни места, пак има во дејностите во врска со недвижен имот. Во овој сектор има и најмалку слободни работни места - 8.
Има вкупно 6.649 слободни работни места, а пополнети се вкупно 474.392 работни места.