X
 13.12.2016

Студии за Хари Потер и други интересни факултетски насоки во Британија

Ако се двоумите и сомневате за насоката на која сте се запишале и се прашувате дали ќе успеете да се вработите, не се грижете - постојат и такви насоки чии дипломи уште помалку на студентите би им донеле работа (барем кај нас).

 

студии


Во земјите во регионот денес често може да се слушне дека е потребна комплетна реформа на образованието, од основните и средните училишта, па се' до факултетот. И додека ние се занимаваме со овие реформи и како би изгледале тие, Британците отидоа чекор понапред. Ова се неколку од насоките кои ги нудат, а кои би биле крајно некорисни за нашата земја, а можеби и пошироко.

Магистратура за стенд-ап комедија


Кентскиот универзитет отвори студии за сите кои мислат дека се смешни. Со самото тоа, се сметаа за родени забавувачи на публиката односно стенд-ап комичари. Ако ваквото работно место ви е потребна диплома, тогаш овие студии се идеални за вас. Студиите ќе ве научат сами да си пишувате сопствени шеги и да изградите личен имиџ за театар.

Студии за Робин Худ


Веројатно сите го знаете цртанот, филмот или сте читале книга за славниот Робин Худ. Накратко тој крадел од богатите и ги давал парите на сиромашните. Меѓутоа, ако ве интересира културолошкиот контекст од кој пристигнува омилениот англиски јунак, тогаш посетете го Универзитетот во Нотингем. Близу шервудската шума ќе ги проучувате песните кои Робин Худ го претвориле во легенда. Целиот модул на предавања се темели на истражувањата за животот во средновековната кралска шума.

Парапсихологија

Обожавател сте на Господар на прстените? Вештицата од Салем? Истерувач на духови? Тогаш обидете се да добиете стипендија за студирање на парапсихологија на Универзитетот во Единбург. Фокусот на студиите е на претпоставките за постоење на вистински духови. На предавањата се истражуваат појавувањата на паранормалните активности и верување во натприродното и психокинеза.

Диплома од парфимерија

„Диплома од парфимерија“ звучи како најточниот опис за она што можете да го добиете на Универзитетот Плимут. Поточно, во Интернационалниот центар за студирање на мирисите, на споменатиот универзитет. Најдобриот дел? Не сте обврзани да одите на предавањата. Можете да добиете диплома едноставно решавајќи задачи кои ќе им ги испраќате на професорите. Иако се чини доста лесно, сепак не е. Имено, студиите се поделени во неколку единици. Првиот де од студирањето се состои од математика, хемија и физика - предмети кои се потребни за разбирање на процесот на производство на парфем.

Студии за Хари Потер


Нема ништо необично во врска со различните образовни студии како што е психологијата, географијата или социологијата. Таканаречените образовни студии на факултетот Дурам на прв поглед се слични како нашите образовни студии, меѓутоа овој факултет нуди студии за Хари Потер. Тука конструктивно ќе дискутирате за социолошките и културолошките аспекти кои ги има во книгите за магионичари. Освен тоа, ќе истражувате и ќе се обидете да дадете одговор на прашањето, зошто е толку популарен.

Студирање за пица


Зошто да не? Има нешто поубаво од пицата? За сите оние кои сакаат пица, овие студии се идеални. Универзитетот Манчестер Метрополитен од 2015 година во соработка со франшизата „Pizza Hut“ нуди насока за љубителите на пица. Програмата се темели на „вештините за водење и менаџмент“ низ призмата на доживувањето на пицата. Студентите ќе учат се' за намирниците, но и за финансиската анализа на понудата и побарувачката. За најдобрите ќе биде понудено работно место во „Pizza Hut“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk