Видеото кое ќе го видите подолу не е во 3D. Всушност, не е ниту во целосна боја. Но, ништо од тоа не е важно бидејќи ова е првото видео кое е проектирано од авион на облаци.
Хардверот на проектот беше создаден од уметникот Дејв Линч, научникот Мајк Никс и производителот Арон Нилсен. Проектот е наречен Nimbus, и претставува модерна верзија од зоопраксикопот од 19-от век, кој користи ласери за да создава слики кои се движат.
Овој хардвер бил успешно искористен за проектирање на слики од Cessna 172 авион на облаците над Нотингем во Велика Британија. Подолу можете да ги погледнете резултатите.