X
 16.02.2021 Наука

Видео од влегувањето на кинеското летало во орбитата на Марс

Кина објави видео од леталото „Тјанвен-1“ како влегува во орбитата на Марс. Леталото тргнало од Земјата кон Марс минатото лето, речиси истовремено со летала испратени од Обединетите Арапски Емирати и од американската вселенска агенција НАСА.

Во видеото објавено од кинеската телевизија ЦЦТВ може да се забележат кратери, како и тенката атмосфера на планетата.


Леталото „Тјанвен-1“ влегло во орбитата на Марс минатата среда и ќе се обиде да слета на површината на планетата во мај. Доколку слетувањето биде успешно, леталото ќе остане на Марс три месеци за да ги истражува почвата и атмосферата на планетата. Така, Кина ќе стане третата земја што слетала на површината на Марс, по Русија и САД.

Истовремено, Кина планира да постави своја вселенска станица во орбитата на Земјата наредната година.

Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука