Италијанската архитектонска компанија „Стефано Боери“ го проширува својот вертикален концепт на шумите во цел урбан центар со новиот „Паметен шумски град“ во
Мексико.
Лоцирано во непосредна близина на Канкун, ова опкружување ќе биде дизајнирано така што природата ќе биде во совршена хармонија со изградената архитектура. Паметниот град ќе се простира на 556 хектари што претходно биле планирани за изградба на трговски центар. Наскоро 130.000 жители ќе можат да живеат во револуционерниот, одржлив град што „Боери“ го замислил.
View this post on Instagram
Πηγή: https://www.dezeen.com/2019/10/25/smart-forest-city-stefano-boeri-cancun-mexico/ Μία σύγχρονη ουτοπία βρίσκεται “στα σκαριά” από το γραφείο του Stefano Boeri κοντά στο Cancun, Mexico, μία “πόλη της απορρύπανσης”, μία σύγχρονη Βενετία με αυτόνομο σύστημα ύδρευσης, δημόσια πάρκα, ιδιωτικούς κήπους, φυτεμένα δώματα και προσόψεις, επαναφέροντας τους κατοίκους - κηπουρούς του Tomas More. Η ανοικοδόμηση ενός υπερσύγχρονου εμπορικού κέντρου ματαιώθηκε χάρη στην πρόταση της Smart Forest City, με την παραγωγή ρύπων να αντικαθίσταται από την απορρόφηση εκατοντάδων χιλιάδων τόνων διοξειδίου του άνθρακα, στα πλαίσια της ενεργειακής και διατροφικής αυτονομίας! Φέρνοντας την Ουτοπία στο σήμερα, η πόλη πρόκειται να φιλοξενήσει κέντρα διεθνών ερευνών και συναντήσεων για οικολογικά, και όχι μόνο, ζητήματα. Ας ελπίσουμε ότι η οικολογική ευαισθητοποίηση θα αποτελέσει εφαλτήριο ενός γενικότερου επαναπροσδιορισμού της καθεστηκυίας τάξης με κοινωνικές επεκτάσεις. #smartforestcity #smartforestcitycancun #stefanoboeriarchitetti ##eleanorgibson
A post shared by ηλέκτρα λιζαρδου (@electralizardou) on
Суштината на овој град е зеленилото. Речиси 400 хектари ќе бидат посветени на зелениот простор, на кој ќе има околу 7,5 милиони растенија - вклучувајќи и 2,3 дрвја по жител. 400 вида што ќе бидат засадени се проверени од страна на ботаничарот и архитект на пејзаж Лора Гати. Овие дрвја, грмушки и цвеќиња не само што ќе бидат присутни во јавните паркови и приватните градини туку ќе ги има и на зелените покриви и фасадите што ќе го направат градот енергетски ефикасен. Всушност, тимот на „Боери“ проценува дека градот ќе апсорбира 116.000 тони јаглероден диоксид со 5.800 тони резерва на
СО2 на годишно ниво.
Властите се надеваат дека градот ќе стане центар на учење за истражувачите кои ќе ги испитуваат проблемите со животната средина и новата технологија, привлекувајќи врвни студенти од Мексико и од другите земји. За таа цел, градот вклучува напреден истражувачки центар со објекти фокусирани на шест основни теми: биоздравствена заштита, астрофизика и планетарна наука, реставрација на коралните гребени, прецизно земјоделство и регенеративна технологија, паметен град и мобилност и роботика.
Паметниот град е дизајниран за сосема сам да создава храна и енергија, благодарение на соработката со „Трансолар“, германска компанија позната по иновации. Градот ќе биде опкружен со прстен на соларни панели и земјоделски полиња кои ќе се наводнуваат преку подземна цевка поврзана со воден канал. Всушност, водата е клучен елемент на градот.
Голем базен на влезот на градот ќе собира вода, која потоа ќе се дистрибуира преку пловни канали. Градот ќе има и водни градини што ќе помогнат во намалувањето на поплавите. Исто така, во градот ќе биде дизајниран систем за мобилност. Ова ќе им овозможи на жителите да ги остават автомобилите и да се движат во урбаната средина користејќи само електричен и полуавтоматски транспорт.
Како што проектот се движи напред, „Боери“ е еден чекор поблиску до реализирање на визијата за зелена, одржлива, урбана средина.
-
Паметниот шумски град е ботаничка градина во рамките на еден современ град, заснована врз наследството на Маите и е поврзана со природниот свет. Урбанистички екосистем каде што природата и градот се испреплетени и функционираат како еден организам - велат од компанијата.
Проектот чека одобрување.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram