X
 21.07.2017 Култура

Достоевски: Животот е дар, животот е среќа

Литературното творештво на Достоевски е неисцрпен извор на животни лекции и бесценета мудрост. Еве неколку извадоци од неговите писма за љубителите за неговиот пишан збор.

„Моралното влијание на жените, дури и на човекот со најсилен дух, не е само корисно, не е само секогаш неопходно, туку е и сосема природно. Тоа е второ и последно воспитување на човекот.“

„Не тагувај, пријателе мој – тоа е главно, и најважно: не брзај, не грижи се многу, сѐ ќе дојде во свое време и ќе биде добро само по себе. Во животот постојат безброј шанси; ако премногу се грижиш, пропушташ време.“

„Кој бара од другите сѐ, а сам себеси се ослободува од сите обврски, тој никогаш нема да најде среќа.“

„Кога не се вртам на минатото, помислувам, колку е залудно потрошено време, колку е изгубено поради заблуди, во грешки, во безделничење, во неумеење да се живее; колку и да го ценев, колку и да грешев против моето срце и мојот дух – што крв го облива моето срце. Животот е дар, животот е среќа, секоја минута може да биде век среќа.“

„Во секој живот постојат денови што треба да се издржат.“

„Јас веќе толку доживеав во животот, што сега малку работи ме плашат. Нека биде што ќе биде.“

„...Да се биде човек меѓу луѓето и да се остане таков засекогаш во какви било катастрофи, да се тагува и да се биде без страв – ете во тоа е животот, во тоа е неговата задача...“
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура