X
 03.03.2019 Наука

Како се менувало човечкото лице низ еволуцијата - 6 милиони години во 90 секунди

Џон Гурш е палео-уметник кој врз основа на проучување фосили, користејќи различни техники на скицирање, успеал да ја прикаже еволуцијата на човечкото лице.

Во малку повеќе од една и пол минута тој ги прикажува сите промени низ кои поминало човечкото лице во последните 6 милиони години, а деталите од истражувањето што го спровел се објавени во книгата „Обликување на човештвото“. За да ја претстави историјата на човечкиот лик, Гурш го искористил знаењето од науката и уметноста, но и имагинацијата.

Неговото видео предизвика многубројни полемики, како помеѓу научната заедница така и меѓу лаиците. Едни го пофалија за подвигот, додека други му замерија што направил расистички портрет на човекот.

- Не сфаќам зошто се прескокнува од ран човек на белец? Не треба да се појави и човек од африканско потекло со оглед на тоа што белата раса е изведена? - пишува во коментарите.

Постојат и такви што се обидоа да го одбранат, истакнувајќи дека во нашите корени се крие и неандерталецот, така што нема смисла да се вметне и човек од африканско потекло.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука