X
 25.01.2022 Здравје

Стартап-компанија открила начин за решавање на проблемот со ќелавоста

Нова биотехнолошка стартап-компанија од Силициумската долина именувана „дНово“ открила начин за решавање на проблемот со ќелавоста. Компанијата била основана од биологот Ернесто Лухан.

Откритието вклучува користење генетичко инженерство и има цел да ја спречи ќелавоста која се јавува поради губење на матични клетки со стареењето. Методот предвидува трансформирање на какви било клетки во матични клетки што ги има во косата со менување на гените во нив.


Фото: Pixabay

Компанијата користи неколку капки крв од пациентот за да направи специјални матични клетки кои може да се искористат за да порасне нова коса. Компанијата тврди дека клетките може да одбегнат реакција на имунолошкиот систем поради што би биле отфрлени.

Процесот на растење на нова коса трае од еден до три месеци откако новите клетки ќе бидат ставени во скалпот на пациентот.

Процедурата засега била тестирана само на глувци, а ќе бидат потребни години за технологијата да биде подготвена за клинички тестирања на луѓе.

Извор: Interesting Engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје