X
 23.04.2015 Технологија

Најтешките прашања од интервјуата за работа во "Facebook"

Доколку некогаш сте посакале да работите за најпопуларната социјална мрежа на светот веројатно не сте единствените. За да се вработите таму треба да имате одредени вештини да го поминете интервјуто, кое може да се состои од следните прашања. „Бизнис инсајдер“ состави листа од најтешките прашања кои се поставени на интервјуата за работа во „Фејсбук“.


1. Што би направиле во текот на еден ден поминат во компанијата?

2. Да бевте животно, кое би биле и зошто?

3. Колку правосмукалки има во САД?

4. Доколку планирате да го редизајнирате банкоматот, на кој начин би го направиле тоа?

5. Треба ли „Фејсбук“ да продолжи да прави свои апликации или е попаметно да купува од други компании?

6. Колку би го наплатиле перењето на секој прозорец во Сиетл?

7. Кои техники ќе ги употребите за да воочите дека се работи за лажен профил?

8. Кога би имале 100 броеви на кредитни картички (со сите информации) како би заработиле повеќе за 24 часа користејќи само он-лајн трансакции?

9. Сметате дека „Фејсбук“ би требало да биде достапен во Кина?

10. Ве киднапирал руски гангстер. Ставил два куршуми еден до друг во пиштолот во кој има место за шест и во насочил пиштолот во вашата глава и пукал. Ништо, уште сте живи. Потоа ве прашува дали сакате да го сврти барабанот или да го повлече чкрапалото. Која можност носи повеќе шанси за да бидете застрелани?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија