X
 13.07.2015 Култура

Дастин Хофман: "Филмовите кои се снимаат денес се катастрофални"

dastin

 

Легендата на американската филмска индустрија Дастин Хофман не е задоволен од моменталната состојба во Холивуд. Всушност, тој е разочаран и тврди дека филмовите кои се снимаат денес се катастрофални.


Овој оскаровец во интервју кое го даде за британските медиуми вели дека повеќе сака телевизиски програми. „ТВ продукцијата е подобра отколу што некогаш била. Од друга страна, филмовите се ужасни и мислам дека никогаш не биле полоши, барем во 50 години колку што јас се занимавам со оваа работа“, вели 77 годишниот глумец.

Оваа изјава е помалку неочекувана кога ќе се земе во предвид дека HBO неодамна ја укина серијата во која тој ја толкуваше главната улога. Станува збор за серијата „Luck“ која се занимаваше со трки со коњи, но беше укината откако РЕТА протестираше поради смртта на неколку коњи за време на снимањето.

Хофман истакна дека развивањето на дигиталната технологија создаде притисок врз режисерите кои сега филмовите треба да ги завршат во многу кратки рокови, понекогаш дури и за еден месец.

„Тешко е да се верува дека режисер може да сними нешто добро со оглед на скромниот буџет кој се доделува. На пример, „The Graduate“, филмој кој и денес е познат, имаше прекрасно сценарио на кое се работеше 3 години, имаше одличен режисер и одлична актерска екипа. Иако стануваше збор за мал филм кој воглавно се снимаше во затворен простор, беа потребни 100 дена за да се направи тоа“, вели тој.

Хофман, кој се`уште го промовира неговиот најнов филм „Boychoir“ за прв пат седна на столчето на режсиер во 2012 година кога го режираше филмот „Quaretet“ кој собра одлични критики. Од тогаш, до денес не успеа да продаде нитуеден проект. „Мислам дека нема врска со тоа колку е некој добар или лош, единствено што е важно е профитабилноста на самиот филм. Ако студиотот процени дека филмот нема да заработи доволно, нема да сака да ризикува со него“.

„Quartet“ беше проект за кој Хофман беше доста страсно поврзан, а најмногу поради тоа што е огромен љубител на музиката. Толку страста го врзува за музиката што тврди дека му е жал што не станал професионален пијанист. „Го сакам пијаното најмногу на свет, но за жал никогаш не бев доволно добар за да можам да живеам од него. Едноставно немав доволно добро уво за тоа“ изјави Хофман.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура