X
 14.07.2015 Наука

Историска мисија: Прелет над Плутон

 Денес 14 јули во 13:50, по 9 и пол години патување и преминати 5 милијарди километри (4,5 светлосни часа), вселенското летало на НАСА, Нови Хоризонти ќе прелета над Плутон со 50.000 км/ч правејќи фотографии и научни анализи од површината и атмосферата на оваа џуџеста планета и нејзиниот систем од 5 месечини. Најважните испитувања ќе се случат за време на 24 часовната блиска средба која е веќе отпочната. До сега ни една мисија не го посетила Плутон.




Плутон беше откриен 1930 година кој веднаш беше класифициран како деветта планета, но со откривање на слични тела во тој дел од Сончевиот систем во 2006 г. Плутон беше деградиран во новата класа на планети „џуџести планети“.




Големините во размер на Земјата, Месечината, Плутон и неговата најголем сателит Харон

Општи информации за Плутон

просечна оддалеченост од Сонце: 40 астрономски единици (моментално е на 32 а.е.)
една орбита: 250 години
брзина на орбитирање: 5 км/сек.
наклонетост на орбита: ~20°
дијаметар: 2.300 км
маса: 0,2% Земја; 20% Месечина
едно деноноќие трае: 6,5 дена
наклонетост на оска: 120°
температура на површина -230° С
привидна магнитуда 13,5 - 16 маг.




Изглед на Плутоновиот систем во размер

Оддалеченоста на Нови Хоризонти во однос на Плутон е сè помала и веќе е помала од оддалеченоста на Месечината од Земјата. Откога вселенската сонда ќе го одмине Плутоновиот систем и се биде во ред, тој ќе отпочне со испраќање на сите научни податоци од утре па сè до септември 2016.





Позицијата на Плутон, утрово во 7:00, кликнете тука за освежена положба на Нови Хоризонти (с) NASA

Мисијата Нови Хоризонти ќе продолжи со истражување на Кајперовиот појас кога во 2019 се очекува да посети мал објект од овој регион со дијаметар од 50 до 100 км. Во меѓувреме ќе ги очекуваме најсвежите информации кои континуирано ќе пристигаат од Нови Хоризонти во претстојниот период.

Постои мала веројатност од 1:10.000 леталото да не го преживее прелетот поради удар во мали честици кои орбитираат околу Плутон. За прв пат по прелетот леталото ќе искомуницира со НАСА во 3:00 по полноќ (може да го следите на НАСА ТВ).

Подолу на видеото се објаснети клучните моменти од мисијата Нови Хоризонти и прелетот над Плутон.

Напомена:
Овде ќе ја објавиме и wow^wow фотографијата во боја од Плутон, која од НАСА треба да ја објават попладнево, а беше снимана во раните утрински часови. Фотографијата треба да биде 25 пати поголема резолуција од сè што сме виделе до сега!

По овој повод вечерва од 21:00, ПЛУТОН Журка во кафе Венеција
Кликнете тука за повеќе информации за журката



Информацијата ни ја испрати
Кристијан Шишковски

Извор: Орион.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука